Најмалку 22 војници беа убиени вчера во Нигер откако непознати вооружени лица нападнаа камп за бегалци од Мали.
Тоа го изјави за локални медиуми премиерот на западноафриканската држава Бриги Рафини.
Според него, тоа се само првични податоци. Бројот на убиени во нападот врз кампот во градот Тасалит може да биде уште поголем.