Ракометарите на Металург го претрпеа и вториот пораз во Лигата на шампионите.
На натпреварот одигран попладнево во салата „Олимпијскиј“ во Чехов, ракометарите на Металург загубија од Чеховски Медведи со 25:21 полувреме 18:14 за домашниот тим.
Во прво полувреме Металург само на периоди играше на посакуваното ниво, па руската екипа на одмор замина со четири гола предност 14:18.
Сепак во вториот дел сосема поинаква игра на тимот од Автокоманда. Следуваше серија од 19:2 на Металург кој во 46-минута поведе со 18:17.
Сепак избраниците на Лино Червар немаа сили докрај да му се спротивстават на рускиот тим кој на крајот забележа победа со 25:21.
Во редовите на руската екипа по 4 голови постигнаа Димитриј Шелестјуков и Димитриј Корнев, додека кај Металург, воедно и на натпреварот најефикасен беше Немања Обрадовиќ кој постигна 8 голови.
Ова беше првиот меч од 3.коло во Ц групата. Преостанатите два на програмата се претстојниот викенд и тоа, Ла Ријоха – Татран Прешов (во сабота) и Елверум – Монпење (недела).
Следен противник пак на Металург ќе биде шпанската Ла Ријоха која во Скопје ќе гостува на 15 октомври.
А, македонскиот шампион Вардар својот меч од 3.коло во А групата против Целје во Словенија ќе го игра во недела 9 октомври.