Струмичанец ранил велешанец на гроздобер

Од:

 Во камп со монтажни бараки за берба на грозје во валандовското село Пирава вчера околу 12 часот при меѓусебна расправија 21-годишен струмичанец му нанел убодна рана во пределот на левата страна од стомакот на 66-годишен велешанец. 

Како што информира МВР, при меѓусебна расправија Ј.А. (21) од Струмица му нанел убодна рана во пределот на левата страна од стомакот на С.М. (66) од Велес, кој бил одговорен за евидентирање на гајби од берба на грозје. По настанот, Ј.А. заминал во непознат правец, а С.М. бил пренесен во Здравствен дом-Гевгелија каде му била констатирана убодна рана во пределот на стомакот, по што бил задржан на натамошно лекување.

По преземени мерки Ј.А. бил пронајден и приведен. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина