Веднаш по раѓањето, бебињата примаат информации од надворешниот свет и учат. Тие можат да спијат и 18 часови во континуитет, но спротивно на популарното верување, сонот не им е пасивен како кај возрасните, туку мозокот и тогаш им работи со полна пареа, нагласуваат експертите од Универзитетот Конектикат.
Нивното тврдење го докажаа на едноставен начин. Прво им пуштале на новородените бебиња одредени тонови, а потоа кон нивните очните капаци насочувале нежно струење на воздухот неколку секунди.
По кусото тестирање, речиси сите бебиња го поврзувале тој тон со струењето на воздухот и веднаш кога ќе го слушнеле инстиктивно ги стегале капаците. По неколку недели, експертите им го пуштале истиот тон без струење на воздухот, но бебињата и натаму ги стегале очните капаци, што докажува дека го запомниле случувањето.
Сето ова е забележано со видео камера и мали електроди кои ги мереле мозочните бранови. Резултатите покажаа зголемена активност во текот на тестирањето во делот на мозокот задолжен за меморирање и учење. Дури и научниците биле многу изненадени со фактот колку бебињата можат да научат и запомнат и додека спијат.