Тренерите Владимир Максимов и Лино Червар ги одредија составите на своите екипи за денешната средба од Лигата на шампионите.
Металург ќе насатпи во следниот состав: Арсиќ, Томовски, Брајовиќ, Драгаш, Дрогришки, Костески, Кузмановски, Младеновиќ, Нелоски, Обрадовиќ, Палевски, Печенковски, Пешевски, Петров, Талески и Велковски.
Домашниот тренер Максимов се одлучи за следниве ракометари: Андреев, Черноиванов, Фурцев, Грамс, Измаилов, Корнев, А.Котов, К.Котов, Ковалев, Куретков, Осташченко, Павленко, Прокопјев, Санталов, Шелестјуков и Скопинцев.
Дуелот Чеховски Медведи – Металург ќе се игра во арената „Олимпијскиј“ во Чехов која е со капацитет од 3.000 места, со почеток во 18 часот по македонско време.