Три екипи со шест победи во ракометната Лига на шампиони

Од:

Три екипи во ракометната Лига на шампионите имаат максимален учинок и обезбеден пласман во ТОП 16 фазата по шест одиграни кола. Тоа го имаат направено Веспрем (Б група), Киелце (Ц група) и Барселона (Д група), а единствено тимот на Шамбери нема победа и освоено бод.

Преглед на резултатите од 6.коло и табелите:

А група: Чеховски Медведи – Адемар Леон 36:22, Фленсбург – Хамбург 29:26 и Монпеље – Партизан 31:26.
Табела: Чеховски Медведи 9 бодови, Хамбург 9, Фленсбург 8, Монпеље 5, Адемар 3, Партизан 2.

Б група: Кил – Цеље 30:26, Веспрем – Савехоф 34:24 и Атлетико Мадрид (Кирил Лазаров 4 голови) – Констанца (Бранислав Ангеловски 5) 25:24.
Табела: Веспрем 12, Кил 8, Атлетико Мадрид 6, Цеље 4, Савехоф 4, Констанца 2.

Ц група: Килце – Металург 21:20, Горење – Шамбери 31:25 и Силкеборг – Санкт Петербург 31:22.
Табела: Килце 12, Горење 8, Металург 8, Силкеборг 6, Санкт Петербург 2, Шамбери 0.

Д група: Кадетен Шафхаузен – Динамо Минск 28:33, Барселона – ПИК Сегед 33:24 и Загреб КО – Берлин 24:25.
Табела: Барселона 12, Берлин 10, Динамо Минск 7, Загреб КО 3, ПИК Сегед 2, Кадетен Шафхаузен 2.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ