Македонскиот првак во женска конкуренција ЖРК Вардар ги пушти во продажба влезниците за првиот натпревар во новата сезона на ракометната Лига на шампионики.
Првиот меч сезонава против ФТЦ Будимпешта, вардарки ќе ги ограат пред домашната публика и тоа на 14 октомври во 20:30 часот во СЦ „Јане Сандански”.
Влезниците за овој натпревар може да се купат на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој работен ден од 10 до 18 часот или пак онлајн на www.ticketplus.mk, а по цена од 150 денари за трибините.
Сите кои имаат купено сезонски билети или пак имаа „Вардар ПАС“ можат да присуствуваат на натпреварот само со приложување на купените ваучери.
Од Вардар информираат дека и замената на купените ваучери за пластични картички трае до 07.10 (петок) на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ секој работен ден од 10 до 18 часот.
Покрај унгарската екипа, Вардар сезонава во првата фаза по групи за противник ќе ги има и екипите на Астраханочка и Лајпциг. Пласман во следната фаза ќе обезбедат првите три екип.