Полската Влада нема да ја поддржи целосната забрана за абортусот по масовните протести низ земјата

Од:

Полскиот министер за наука и високо образование Јарослав Говин изјави дека масовните протести на жените против целосната забрана на абортусите се „отрезнувачка“ лекција за државното раководство и дека „нема да има целосна забрана на абортусите“, пренесоа американските медиуми.

Говин изјави дека протестите „не натераа да се замислиме и не отрезнија“.

Претседателот на полскиот Сенат, исто така, изјави дека Горниот дом на Парламентот нема да почне било каква работа врз предлог  закон што ќе воведе уште поголеми ограничувања во полскиот закон за абортус, што и онака е еден од најограничувачките во Европа.

Овие изјави се чини покажуваат дека конзервативното полско раководство ќе се воздржи од поддршка на доста непопуларниот предлог за забрана на абортусот, дури и во случаи на силување, инцест или кога има опасност за животот на мајката.

Би можело да ве интересира

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата