Активности на СВР – Тетово во рамки на проектот „Безбедност во училиштата – за меѓуетнички соживот и толеранција“

Од:

Секторот за внатрешни работи Тетово ќе започне со првите планирани активности во рамки на образовно – превентивниот проект „Безбедност во училиштата – за меѓуетнички соживот и толеранција“ чии носители се Отсекот за превенција при СВР Тетово, тетовската и гостиварската локална самоуправа и ОБСЕ, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Јосифовски појасни дека целта на проектот и претстојните спортски активности е меѓусебно запознавање, дружење и заедничко спортување на  средношколците од двата полошки градови за надминување на сите предрасуди и стереотипи на овој план и за подобрување на вкупната безбедност во нивните училишта.

Со овој проект, истакна, предвидено е да се опфатат околу 2600 првокласници од средните училишта во Тетово и Гостивар.

– Тие на посебни предавања што ќе ги одржуваат стручно обучени полициски службеници поблиску ќе се запознаат што значи меѓуетничкиот соживот и толеранцијата,  но и какви се законските и други последици за нивно евентуално учество во нарушувања на јавниот ред и мир во и околу училиштата а поврзано со оваа проблематика, изјави Јосифовски.
 
Како составен дел од проектот што се реализира неколку години, ќе се одржат и традиционалните турнири во одбојка што ќе започнат од оваа сабота и на кои ќе настапат 8 тетовски и 4 гостиварски екипи со мешан етнички и полов состав. Првите елиминациски натпревари ќе се играат во салите на тетовската Гимназија и гостиварското Основно училиште „Исмаил Ќемали“. Една недела потоа на 15-ти октомври планирани се завршните натпревари а за најдобрите предвидени се пригодни награди и признанија.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он