(ВИДЕО) Шекеринска: Страшно е што по дест години изградба на споменици, Груевски најавува изградба на градинки

Од:

„Денеска е Денот на наставниците а исто така имаме прилика да бидеме тука на почетокот на изградба на новото училиште во општина Центар, па затоа би сакала да ја искористам оваа прилика, да кажам неколку збора, од нашата програма и нашиот план од областа на образованието.

Не е возможно да имате да имате добро и квалитетно образование доколку немате мотивирани, добронаградени и ценети наставници.

Затоа новата влада на СДСМ ќе ги покачи платите на целиот наставени кадар. Во првите две години ќе обезбедиме почетничката плата на наставник да изнесува најмалку колку просечната плата во Република Македонија. Ниту еден наставник во нашата држава да нема плата пониска од просечната.

Дополнително, наставниците ќе ги ослободиме од сите непотребни административни обврски кои го земаа нивното време и им претставуваа само притисок во работата. Ќе го укинеме екстерното тестирање и ќе ги ослободиме наставниците од стравот од казни.

Само на таков начин, со мотивирани наставници, со ценети наставници, со наставници кои се посветени на децата и на нивното знаење ќе добиме образование добро за 21 век“, изјави Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница