Сенатот на Полска со нацрт-закон со кој се забранува абортус при откриен Даунов синдром

Од:

Горниот дом на полскиот парламент подготвува нов нацрт-закон со кој ќе се забрани абортус при откриен Даунов синдром кај ембрионот. Тоа го изјави денеска на прес конференција претседателот на Сенатот,  Станислав Карчевски.

Тој објасни дека се појавила идеја Сенатот да биде автор на извесен компромис, поради тоа што во државата веќе има тензии заради граѓански нацрт-закон со кој се бара целосна забрана за абортус.

– Проектот е веќе формулиран, изјави Карчевски.

Во септември полските пратеници разгледуваа два нацрт-закона за абортусите.

Едниот поднесен од организацијата Стоп за абортусите, предвидува целосна забрана и строги казни за жените кои бараат абортус. По првото читање, тој беше испратен на доработка.

Друг проект, на граѓански комитет Да ги спасиме жените, дава право на абортус до 12-та недела без ограничувања, а потоа по медицински извештаи. Тој беше отфрлен од Долниот дом на парламентот.

Би можело да ве интересира

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата