Од 1. ноември почнува зимската сезона за терасите на угостителските објекти

Од:

Град Скопје денеска ги информира угостителските објекти дека од 1 ноември почнува зимската сезона за вршење на дејност надвор од деловен простор и поставување на урбана опрема.

Барањата за добивање одобрение за вршење на дејност надвор од деловниот простор треба да се достават до архивата на Град Скопје најдоцна до 31 октомври.

Барањата може да се најдат на веб порталот на Град Скопје www.skopje.gov.mk или во архивата на Град Скопје, барака 16.

– Корисниците на јавни површини кои имаат одобрение од зимската сезона 2015-2016 година, треба да го достават стариот елаборат (оригинал), нова тековна состојба, за сопствен имот имотен лист и употребна дозвола за деловниот простор, појаснуваат од Град Скопје.

По доставените документи, Град Скопје во рок од пет работни дена треба да го издаде Одобрението за вршење дејност надвор од деловен простор и Одобрение за поставување на урбана опрема.

Зимската сезона за вршење на дејност надвор од деловен простор и поставување на урбана опрема завршува на 30 март 2017 година.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

(ФОТО) Паднати дрвја низ цело Скопје, ветрот правеше масакр по улиците

А1он

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Мицкоски: Жена парк и улица Македонија кои за сите скопјани будат многу спомени, сега се во состојба во којашто не треба да бидат