Со натпреварот меѓу Флензбург и Барселона ќе стартуваат дуелите од 3.коло од Лигата на шампионите на ЕХФ.
Ова е воедно дуел на две екипи кои во последните три години по еднаш беа европски шампиони: Флензбург (2014 година) и Барселона (2015). Двете екипи немаат пораз на двата досега одиграни дуели, со тоа што домаќинот Флензбург одигра еден дуел нерешено, а Барселона во чии редови настапуваат македонските репрезентативци Кирил Лазаров и Борко Ристовски е единствената екипа без пораз во групата А.
Распоред на натпреварите од третото коло:
А група: Флензбург – Барселона (среда), Висла – Веспрем, Кадетен Шафхаузен – ПСЖ (сабота), Силкеборг – Кил (недела).
Б група: Кристијанштад – ППД Загреб, Мешков Брест – Рајн Некар Ловен (сабота), ПИК Сегед – Киелце и Цеље – Вардар (недела).
Ц група: Чеховски Медведи – Металург (четврток), Ла Риоха – Татран Прешов (сабота) и Елверум – Монпеље (недела).
Д група: Нант – Брага, Мотор – Холстебро и Динамо Букурешт – Бешикташ (недела).