Москва, Белград и Атина кандидати за организација на кошаркарскиот Ф4 во 2018 година

Од:

Главниот град на Русија, Москва, српската престолнина Белград и грчкиот главен град Атина досега поднеле кандидатура за добивање на организацијата на „Фајнл фор“ во кошаркарската Евролига за 2018 година.

Првиот човек на елитното натпреварување, Жорди Бертомеу соопшти дека во скоро време ќе биде одлучено каде ќе се игра завршниот турнир по две години.

– Имаме многу добри разговори со Белград, Москва, Атина и некои други градови. Тоа е потребно за да се усогласат термините и да се разгледаат условите што ги нудат градовите кандидати за домаќини.  За среќа, Ф4 е настан кој го посакуваат многу градови и се надевам дека наскоро ќе објавиме каде ќе со одржи турнирот, истакна Бертомеу.

Финалниот турнир на Евролигата во 2017 година ќе се одржи во Истанбул.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос