Српскиот интернационалец Вања Илиќ ќе биде замена за Мартин Марчец во редовите на македонскиот ракометен вицепрвак Металург.
Илиќ кој минатата сезона играше за тимот на Работнички, е блиску до враќање во Скопје. По повредата на Марчец, кој нема да игра речиси цела сезона, раководството на Металург се обидува да ангажира Србинот, како би го сочинувале триото на левата крилна позиција заедно со Давор Палевски и Тадеј Матијашиќ.
Минатата сезона Вања беше дел од тимот на Работнички, кој пореади финансиските проблеми мораше да направи реконструкција, па летово тој се врати во Партизан. Сепак според договорот кој Илиќ го има со црно-белите постои опција доколку Илиќ добие понуда од странство, како што во случајот е таа на Металург, тој може слободно да ја напушти белградската екипа.