Мажите повеќе ги привлекуваат жени кои имаат слични црти со нивните, како што се бојата на очите и дупчињата на брадата, покажаа резултатите од истражувањето на група француски научници од Монпеље.
Научниците дошле до тој резултат барајќи најнапред околу сто учесници на истражувањето да одберат фотографии на лицата кои ги реконструирал компјутерот, а ги сметаат за привлечни, објави весникот „ПЛОС ван“.
По анализата констатирано е дека околу две петини мажи ги привлекле жени со иста боја на косата, очите, дебелина на усните, веѓите, но и присуство или отсуство на дупчиња на брадата, исто како и кај нив.
Потоа е извршено истражување на 155 парови кои имаат најмалку едно дете заедно и констатирано е дека голем дел од нив имаат исти физички карактеристики.