Се гради двоен тениски терен во Неготино

Од:

Градоначалникот на Неготино Ванчо Апостолов денеска изврши увид во градежните активности за изградба на двоен тениски терен, кој според планираното, треба да биде пуштен во употреба за пет месеци. 

Тој нагласи дека покрај земјените тениски терени лоцирани во комплексот на Спортско рекреативниот центар „Младост“, Неготино ќе  добие и тениски терени со тврда подлога. 
Апостолов потсети дека со директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески,  е потпишан договор за изградба на двојниот тениски терен во Неготино. Со овој договор,  Агенцијата за млади и спорт врз основа на склучениот договор со изведувачот на градежните работи,  се задолжува да инвестира во изградбата на еден ваков   терен на  улица „Ленинова“,  во населбата “Саат-кула”во Неготино. 

Со истиот договор беа  утврдени и начинот и условите за изградбата на тенискиот терен  и неговото стопанисување, користење и тековно инвестициско одржување. 

Двојниот тениски терен се гради веднаш над мултифункционалното игралиште во населбата “Саат-кула”,  во непосредна близина на реконструираниот забавен парк. 
– Граѓаните на Неготино од повеќе генерации,  ќе добијат уште еден спортско-забавен комплекс,  каде што ќе можат во релаксирана атмосфера да минуваат дел од слободното време, нагласи Апостолов.

Би можело да ве интересира

Две жени се повредени во сообраќајка во близина на Неготино

Горан Наумовски

Приведен 48-годишник од неготинско село за напад врз малолетниот внук

Маж со нож и се заканувал на сопругата

Кавадарчанец е тешко повреден во сообраќајка

Изгоре покрив од куќа при пожар во Неготино

Тешко повредено едно лице откако со возило удрило во паркиран автомобил во Неготино