А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривична постапка за нелегален откуп на јаболка

by А1он04/10/2016 - 16:2170
Share0

Една компанија која имала забрана за вршење откуп на јаболка ги отстранила пломбите и нелегално откупувала, а кај други две се констатирани долгови кон земјоделците од лани, соопшти денеска директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Цветан Трипуновски при направениот увид во откупните пунктови во Ресен.

Следете a1on на Instagram Instagram

Против сопственикот на компанијата која нелегално откупувала јаболка, според него, ќе биде поведена кривична постапка.

– Двете други компании кај кои се констатирани долгови кон земјоделците од минатата реколта, со посебно решение се задолжени да ги исплатат земјоделците со цел да може да продолжат со откуп, информира Трипуновски.

Инспекторатот, нагласи тој, го продолжи работното време на фитосанитарните инспектори во делот на извозот на јаболката со цел да нема застој и поголема мобилност на фитоинспекторите да нема застој во издавањето сертификати, а прави контроли и за начинот на вршење на откупот.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Инспекторатот и понатаму ќе остане на терен со земјоделските и со фитосанитарните инспектори со цел откупот да помине во најдобар ред, односно трудот на земјоделецот да биде правилно вреднуван согласно квалитетот на производот, изјави Трипуновски по посетата на неколку откупни пунктови.

mvr

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Катерина Ѓуровски05/10/2026 - 15:29

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Предраг Петровиќ04/10/2026 - 11:42

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Предраг Петровиќ02/10/2026 - 17:15

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 12:03

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он25/09/2026 - 15:20

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Катерина Ѓуровски21/09/2026 - 11:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео