Во Штип ќе се градат два нови кружни текови

Од:

Црните сообраќајни точки на два булевара во Штип ќе се решаваат со изградба на кружни текови. Урбанистите од Секторот за урбанизам почнаа со изготовка на проекти за изградба на два кружни текови во Штип, информира денеска техничкиот раководител во ЈП „Стипион“-Штип, Александар Југов.

Југов појасни дека едниот ќе биде на крстосницата во населбата Сењак меѓу улиците „Сремски фронт“ и „Џемал Бједиќ“, а вториот кружен тек е на булеварот „Гоце Делчев“, каде се вклучува улицата „Велјко Влаховиќ“, односно кај стара Алумина.

По изготовката на проектите ќе се утврди и колку средства ќе бидат потребни за да се издвојат од буџетот на Општина Штип.

Југов вели причините за изградбата на новите кружни текови е за да се зголеми  безбедност на возачите, но и на пешаците на овие булевари, кои водат до основни и средни училишта, градинки и кон индустрискиот дел на градот.
– На тие два булевари по евиденцијата на СВР-Штип имаме добиено статистика во која што има најголем број на жртви имаат регистрирано  за пешаци, а исто така и голем број на сообраќајни несреќи и тоа токму на овие две крстосници. Се со цел да се зголеми безбедноста на сообраќајот се прават двата нови проекти, рече Југов.
Тој појасни дека по изработката на проектите, општината треба да добие градежно одобрение по што веднаш ќе почне и изградбата на кружните текови.

Би можело да ве интересира

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор

Обвинителството бара притвор за осомничен кој изврши полови дејствија врз малолетни девојчиња во Штип

Притворен е раководител на образовен центар во Штип, допираше по телото ученички

Горан Наумовски

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан во Штип

ВИДЕО: Вандализирано најголемото штипско училиште „Ванчо Прќе“, наставата прекината

Катерина Ѓуровски