Италија екстрадира пет македонски државјани обвинети за џихадистичка пропаганда

Од:

Со авион со меѓународно обезбедување денеска пет македонски државјани, меѓу кои една жена, се екстрадирани од Италија во Македонија, а се обвинети за џихадистичка пропаганда.

Италијанската полиција во период од две години, собрала материјали и докази за тоа дека македонските државјани, кои живееле во областа Фриули-Венеција Џулија, повикувале на џихад и шахид (доброволна маченичка смрт преку самоубиствени напади), потоа славеле по повод нападите на ИД, а воспоставиле и врски со радикални имами на Балканот.

Италијанскиот министер за внатрешни работи Анџелино Алфано издал наредба за екстрадиција на македонските државјани.

– Нашата превентивна работа е од огромно значење за борбата против тероризмот. Ќе продолжиме во таа насока затоа што сметаме дека превенцијата е стратешки инструмент во напорите за намалување на ризичното ниво на тероризмот во Италија, иако нема земја со нула нивото на ризик, стои во соопштението објавено од италијанскиот министер, пренесе денеска бугарската новинаска агенција БТА.

Дополнително појаснување за настанот дале и претставници од обвинителството во Трст, според кои, петмината македонски државјани „одлучно ја поддржувале експанзијата на ИД и распространувањето на нејзината идеологија и категорично одбивале да се интегрираат во италијанското општество“.
Од почетокот на 2015 година од Италија има екстрадирано 121 исламски екстремисти.

Би можело да ве интересира

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он