Во Прилеп претепан маж со метални шипки

Од:

Триесет и седумгодишен маж синоќа бил нападнат со метални шипки во Прилеп, при што добил тешки телесни повреди.

На ул.„Беровска“ во Прилеп, синоќа околу 20 часот, О.А. (37) се движел со своето патничко возило „Лада“ со битолски регистарски ознаки и притоа намерно бил удрен во левото предно крило од патничко возило „даеву рејсер“ со прилепски регистарски ознаки кое го управувал А.С.(28).

Веднаш потоа од возилото излегол А.С., двајца негови братучеди и неговиот зет, кои со метални шипки почнале да удираат по предната лева врата на „ладата“ при што го скршиле стаклото.

О.А. излегол од возилото, а напаѓачите почнале да го удираат со шипки во пределот на главата и телото. Кога паднал на земја тие со возилото го напуштиле местото на настанот. На повредениот О.А. му била укажана медицинска помош во Градска болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Полицијата презема мерки за обезбедување на сите инволвирани лица во настанот, по што, по целосно расчистување и документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Запленет кокаин во Гевгелија, лишен од слобода дилер, одреден му е притвор

СДСМ бара Сиљановска да не го потпишува Указот за Законите за полиција и МВР

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари

Катерина Ѓуровски

МВР: Уапсени се две лица, одземено е товарно возило, запленета е стоката

МВР: На социјалните мрежи се појавија лажни објави за телефони, апелираме да не кликнувате на такви објави

За 48 часа МВР „подели“ 1.293 казни на возачи и пешаци