Жител од Горно Седларце повреден од ловечка пушка

Од:

Жител на тетовското село Горно Седларце вчера бил застрелан со сачми додека ги шетал своите кучиња помеѓу селата Горно Седларце и Камењане.

Од МВР информираат дека А.Х. (51) слушнал пукање од ловечка пушка, а потоа  почувствувал болка и крварење во пределот на градите и стомакот. Успеал  да дојде до патот каде со автомобил поминал Д.М. (37) од истото село, кој го однел во Клинички центар Тетово каде му била укажана лекарска помош. Констатирани му биле повреди од шест сачми во пределот на градниот кош и абдоменот и бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина