Во престолнината на империјата, над која сонцето не заоѓа, е собран целиот свет

Од:

Стандарт – Софија

1. Земете си стап за селфи за Бакингемскиот дворец

Ако сте првпат во Лондон, не смеете да ја пропуштите смената на стражата. Но не верувам дека ќе посакате повторно да ја видите. Целиот плоштад околу споменикот на кралицата Викторија пред Бакингем е преполн со туристи. Најголемата турканица е пред оградата зад која гардистите ги вршат своите ритуали. Бобиевците (лондонската полиција) и полицајците со коњи прават ред и ги предупредуваат туристите да внимаваат на чантите, затоа што местото е идеално за џепарење. Но што се случува зад оградата всушност гледаат само највисоките и оние кои дошле час порано за да ги заземат стратешките позиции. СЕга сфаќаш дека не си бил во право кога им се смееше на оние со стикови за селфи, затоа што само тие можат да направат фотографии. Додека внатре гардата маршира, од кралските коњушници кои се на другиот крај на плоштадот, со лимена музика пристигнува нова смена. И на дожи и на сонце, на студ е пекол, гардистите ги носат славните шапки од кожа на канадска црна мечка – високи 47,5 см и тешки скоро три килограми, со метално ланче кое оди преку брадата (се зборува дека шапките ги смениле со вештачка кожа по протестите на еколозите). Шкотланѓани, Ирци, Велшани – се разликуваат само по бојата на пердувот на шапката – црвено, сино, бело и зелено, од лево или од десно. Како и според распоредот на копчињата на мундирот.

Самиот Бакингемски дворец не е впечатлива архитектура и изгледа сосема напуштен – туристи попусто гледаат кон прозорците со надеж дека кралицата ќе ја тргне завесата и ќе им мавне. За да не се надеваат напразно, може да погледаат кон покривот – ако таму се вее знамето на Велика Британија, значи не е дома. Но ако го видите нејзиното лично знаме, тоа е знак дека Елизабета Втора се одмара по дома. Па дури и дека можеби ѕирка зад завесата.

2. Гладните гуски во паркот Сент Џејмс

Паркот Сент Џејмс влезе во знаметнитостите кои се задолжителни за бугарскиот турист, со лебедите кои станаа херои во филмот „Мисија Лондон“. Белите птици, заедно со други видови гуски, патки, пеликани, водни кокошки и гулаби, си пловат по езерото во паркот и се толку спокојни и навикнати да ги хранат што ако со гладен странец во Лондон, нема како да влезеш во сценариото кој го опиша Алек Попов. Можеби писателот не го измислил тоа, туку прочитал во весниците како гладни роми ги изеле лебедите на кралицата. Инако, интересно е што ова место било мочуриште пред на кралот Џејмс Први да му текне да го претвори во зелена оаза. А првите пеликани се подарени од рускиот амбасадор уште во 1664 година.

3. Адмирал и коњски скелет на Трафалгар сквер

Овој плоштад е главниот во Лондон и во себе носи многу воинска слава. Во центарот, ограден со четири лавови, е споменикот на адмирал Хорацио Нелсон, кој командувал во битката на Трафалгар (во 1805 година) и во која е победена наполеоновата флота. Нелсон загинал, а неговото тело било пренесено во буре со бренди. Погребан е со почести, а потоа војниците го испиле брендито, за да си ја повратат силата. Постои споменик на паднати британци и натписи за војничкиот долг на жителите на островот. На четирите агли на плоштадот се издигаат споменици со статуи – на три од нив е Џорџ Четври на коњ, генералите Чарлз Напир и Хенри Хејвлок, познати по своите победи во Индија. На четвртиот е шокантната статуа на скелет на коњ, а на предната нога му е закачена видеолента на која се движат индексите на лондонската берза. Идејата е на поранешнот градоначелник и сегашен министер, Борис Џонсон. Инаку, тој постамент останал празен затоа што парите не стигнале за летвртата статуа при изградбата на плоштадот во 1820 година. Од тогаш таму секој си става што му падне на ум.

4. За 50 фунти стануваш член Вестминстерската опатија

Новината во Вестминстерското опатија е што првпат во 1000 години историја прима нови членови за својата асоцијација. Таква табла има на еден од влезовите. Членарината е 50 фунти годишно, а попустите при купувањето и обезбедената покана за најважните настани кои ги организира опатијата, се само бонуси кон благородната мисија. „Така ќе ја помогнеме иднината на најголемата црква“, се обрати кон идните членови д-р Џон Хол, декан на Вестминстер. Туристите исто ја помагаат старата зграда која е објект на Унеско. За разлика од бесплатните национални галерии и музеи, тука за влез се плаќаат 20 фунти. Но затоа за таа сума можете да видите каде се погребани најважните луѓе во англиската историја. Опатијата, каде се крунисани, венчавани и на крајот тука си го наоѓаат своето последно престојувалиште повеќето британски монарси, воодушевува со својата оригинална архитектура. Неговата изградба на местото каде имало црква уште во 7-иот век започнува по нарачка на Едуард Исповедникот, кој бил крунисан во 1040 година, и околу еден век подоцна канонизиран за светец. Готската зграда е градена неколку века. Освен гробници на кралеви и кралици, тука има сведоштва за над 120 писатели, поети, академици, меѓу кои се Вилијам Шекспир и Вилијам Блејк, Џон Милтон, Џон Остин, Чарлс Дикенс, Исак Њутн. Драматургот Бен Џонсон е пак погребан исправен во седум метарски гроб, како и што му била желбата.

Опатијата е и третиот академски центар на Англија, по Оксфорд и Кембриџ. До него се наоѓа и парламентот и славниот часовник Биг Бен.

А пред катедралата, меѓу толпата туристи, шкотланѓани во сукњи заработуваат по некоја фунта свирејќи на гајди песни од Ејси-Диси.

5. Катедралата Сент Пол и Брегзитот на Хенри Осми

Катедралата Сент Пол не е впечатлива само по архитектурата, туку и со големината на управата. Воп седиштето на епископот на Лондон, не недостасуваат ниту симболите на други цркви и модерната уметност. Неколку дена пред Раќањето на Богородица (на 8 септември) таму светеше црвено-златна православна икона на Мајката Божја. На самиот празник, пак, беше пуштена голема видеоинсталација на уметникот Бен Виола, на која Марија го носеше телото на Исус. Сент Пол беше вклучен и во случувањата во големиот пожар во 1666 година, чија годишнина беше одбележана на почетокот на септември. Тогаш изгорела и црквата на Лидгејт, на чие место сега се издига катедралата.А таа е дело на Англиканската црква создадена откако Хенри Осми го отфрли управувањето на папата. Повод за реформацијата е одбивањето на Ватикан да го дозволи разводот на кралот со шпанката Катерина Арагонска и да дозволи негов брак со Ан Болеин. Но веројатно на амбициозниот и трвдоглав монарх му дошло преку глава постојано да се бори со каприците и желбите на папата. Така во 1534 година, се случил првиот Брегзит за Англија, откако парламентот го прогласил монархот кој управувал со кралството за шеф на анлиската црква. И од тогаш натаму, папата нема никакво влијание во Англија.

Сент Пол е изградена во преиодот меѓу 1675 и 1710 година, по проект на архитектот сер Кристофер Реј, кој ја добил задачата да го обнови Лондон по големиот пожар. Задача на архитектот била да создаде англиски храм кој ќе биде пандан на базиликата Свети Петар во Рим. И во пракса, куполата, иако малку пониска – 11 метри, и многу потсетува на папската црква.

6. Шапкари бројат грбови на Риџент стрит

На Риџент стрит нема ништо случајно. Продавници на светски брендови, ресторани и клубови за одбрани луѓе сакаат да истакнат дека се тука скоро 100 години, што е и напишано на специјалните табли и реклами. Ако скршнеш во странична уличка, ќе наидеш на шивачки или шапкарски атељеа, накитени со грбови – на дјукови, барони, принцови па дури и на самата кралица – кои кажуваат: гледајте кои ни се клиенти, и помислете дали сте достојни да ви сошиеме костим или да ви направиме шапка.

7. Да имаш стан на Кенсингтон

Кенсингтон е еден од најскапите квартови во Лондон. Во истоимениот дворец живеела младата Викторија пред да стане кралица, потоа принцезата Дајана, а сега е дом на престолонаследникот Вилијам и неговата сопруга Кејт. Во јужниот дел од квартот е музејот на Викторија и преинцот Алберт – најголемиот за применета и и декоративна уметност и еден од најпосетените. Во близина е и Природонаучниот музеј – огромна зграда во која можеш да ја видиш сите откритија на западното човештво по историја на природата, како и ногу од преостанатите и изгубените видови. Уште на влезот виси огромен скелет на диносаурус диплодок, а некои од експонатите се собирани од самиот Чарлс Дарвин.

Кенсингтон е исто така саканото место на нашите во дијаспората да си купат станови. Затоа што нема подобра визит карта, можности и врски од информацијата дека поседуваш стан на Кенсингтон.

8. Сити – слободата е во црвените чорапи

Сити претендира да биде финансиската престолнина на светот. За разлика од останатите делови од градот, во кои зградите се ниски, тука има облакодери, стаклени фасади, чудни архитектонски форми – кои предизвикуваат респект за компаниите сопственици на зградите. Секој кој сака да стане дел од Сити, треба да ги прифати неговите правила. А тие започнуваат со дрескод – бела кошула, црн, темносин или сив костум за мажите, бела свилена кошула, црно сако припиено до половината и бисерен ѓердан за жените (кои впрочем се значително помалубројни во Сити). Но протоколот изгледа заборавил да прецизира каква боја треба да бидат чорапите. И така е дозволено своеволие. Под тесните ногавици на строгата униформа на мажите често можат да се видат жолти, карирани, сини, розови, зелени, и најмногу црвени чорапи. Се разбира, во тон со шамивчето во горниот џеб од сакото.

9. Камден – шарен како Ејми Вајнхаус

Шарено, пошарено, Камден. Тоа е кварт во источниот дел каде на времето биле портите на градот. Денес таму има огромен лавиринт од пазари и продавници. Влезеш ли во него, ќе те опијанат бои и мириси. Мирис на кари, масала, кардамон, кориандер, канела и каранфилче доаќаат од малите бутки во кои се приготвува улична храна од целиот свет. Можеш да пробашѓ и мексикански такос, индонезиско сате, венецуелски пченкарни пити, француски сирења. Се разбира, и традиционални англиски фиш-енд-чипс (риба и помфрит). Да танцуваш на ритамот од Куба, или да пазаруваш неверојатни шарени џиџиња од Индија, Шри Ланка, Кина, Непал. Луѓето кои го посетуваат ова место се исто толку шарени – лилјакови и зелени коси, пирсинзи, тетоважи, готска шминка и додатоци. Со два збора – костумот е забранет. Камден е царство на „винтиџ“ модата. И не случајно тука има споменик на пејачката Ејми Вајнхаус која доста се движеше во тукашните клубови. И беќе разнобојна токму како Камден.

10. Пиво и англиски вицови во Сохо

Сохо е кварт на забавата. Се смета дека неговото име дошло од од повиците на кралските ловци: „Со-хо!“ во дворецот Вајтхол. Во минатотот, тука биле црвените фенери, сега секс-индутријата е лиценцирана и доста прикриена. Цветаат театрите и клубовите кои ги има на секој агло. Големи филмски момпании, како Ворнер брос, имаат тука канцеларии. Локални пабови привлекуваат со своите имиња – како да не испиеш едпо пиво во „Кучето и патката“ и да си пробрбориш со посетителите оптегнати на шанкот и си разменуваат типичќно англиски шеги за времето, за кралицата и за ситуацијата во светот? Сохо е и саканото место за гастрономите – во малите ресторанчиња сервираат вкусна и разновидна храна. Тука е и Чајна таун – пешачката улица Џерард стри е неговото срце. Нема како да го промашите со црвените пагоди и чадените патки, кои висат по витрините на рестораните и супермаркетите. Но ако сакате да го видите Сохо во полна светлина, елате тука навечер.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство