Судиите во Скопска двојка пресудија според закон, а не според желбата на Зврлевски и Аневски

Од:

Се кршат ли алките на Сваровски судството?Делителите на правда почнаа да се охрабруваат и да носат пресуди според правото и законите а не според дневно политички потреби.

А1он пред три месеци веќе пишуваше за желбата на Републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски да се ослободи, преку незаконско пензионирање од 30-тина обвинители, кои, како што објавија медиумите не ги спроведуваа послушно наредбите, а се сакаше и да се донесе нов подобен кадар.

Основниот суд Скопје 2, минатата недела, донесе пресуда со која се усвојува тужбата на еден од „непослушните“ обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија. Судот ја поништи одлуката на Советот на јавни обвинители, кој со погрешна примена на Законот му нанел штета на обвинителот кој поднесе тужба.

Судот оцени дека одлуката на дел од обвинителите на Советот на Петре Аневски за непродолжување на работниот однос на тужителот е незаконска. Пред неколку месеци мнозинството во Советот диригирано од Петре Аневски и обвинителот Марко Зврлевски, иако стручната јавност и медиумите укажуваа дека се работи за незаконска одредба, сепак одлучи да им го ускрати законски загарантираното право на 30-тина обвинители.

Спротивно на Законот за работни односи кој предвидува доколку со друг закон не е поинаку утврдено, и обвинителите со поднесување Изјава до работодавачот можат да работа до 67 години возраст. Ова право Аневски и Зврлевски се обидоа да им го ускратат на обвинителите, пензионирајќи ги на 64 годишна возраст. Дел од членовите на Советот се оглуши и на ставот на Законодавно правната комисија која посочи дека доколку со посебен материјален закон прашањето не е уредено поинаку, тогаш условите за престанок на функцијата на избраните лица е според Законот за работни односи.

Што е уште почудно решенијата за пензионирање, Советот ги засновал врз член 66 став 1 од Законот за Јавно обвинителство кој е укинат од Уставниот суд уште во 2009 година.Ова покажува дека институцијата која ги избира и оценува обвинителите носи одлуки според непостоечки членови од Законот.

Судот во образложението на пресудата покрај истакнувањето на фактите и околностите поради кои одлуката на Советот е незаконита, го поучува Советот на јавни обвинители дека доколку не ги уважи изјавите прави прекршок од Законот за работни односи, член 264, став 1, за кој е предвидена и санкција.

Дали сега Петре Аневски и Марко Зврлевски ќе се обидат да притискаат до Апелација која ќе одлучува по евентуала жалба на пресудата?

Дали управните судии, како колегите од Основниот суд два Скопје ќе покажат непристрасност во постапувањето за што дале заклетва, и ќе ги уважат тужбите за незаконското разрешување на обвинителите?

Надеж има дека сепак има судии со интегритет кои работат и судат според словото на Законот и Уставот.

Би можело да ве интересира

Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Предраг Петровиќ

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on