До терминот кога Велика Британија дефинитивно ќе ја напушти Европската унија (ЕУ) важат истите права и обврски на било кој дел од територијата на Унијата.
Ова е реакција на чешкиот премиер Бохуслав Соботка на изјавата на неговата британска колешка Тереза Меј за можна контрола на движењето на луѓето од ЕУ во Британија, јави дописникот на МИА од Прага.
– Ние нема да се согласиме со тоа, Британија да воведува некакви еднострани мерки против работниците од Чешка или од други земји на средна и источна Европа, рече Соботка.
Соботка пред неколку дена, по заедничката седница на Владите на Словачка и Чешка како соседи, оцени дека двете земји се против тоа Британија по излегувањето од ЕУ да има обезбеден пристап на пазарот на Унијата, додека граѓаните на ЕУ би биле дискриминирани на британскиот пазар на трудот.