Над 16 илјади учесници во националната акција за чистење на Македонија

Од:

Над 16.000 учесници, 70 граѓански организации и над 100 училишта вчера чистеа на 156 локации низ 53 општини во државата, во рамки на националната акција за чистење, организирана од асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“.

Ваквите национални акции, како што информираат организаторите, се значајни најпрво поради самото чистење на голем дел од Македонија, со тоа што Македонија се вклучи во глобалната акција „Let do it world“, поддржана од Европскиот парламент и поради тоа што проблемот со отпадот во Македонија го издигнавме на највисоко ниво.

Акцијата е во рамки на проектот „Македонија без отпад 2016“ што има за цел да го исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во околината, да развие свест кај граѓаните за правилно управување со отпадот и да развие механизам за поддршка на граѓаните, општините и другите засегнати групи за подобро да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање на отпад во нивните заедници. Проектот е финансиски поддржан од Швајцарската агенција за поддршка и развој.

Би можело да ве интересира

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

САД продолжуваат со работата за еколошки и дипломатски решенија за поздрава планета

А1он

Бугарија и Албанија почнаа примена на договорот за еколошка соработка

А1он

Еколошки активисти блокираа четири моста во Лондон

А1он

Анализа на Грин тенк: На Западен Балкан му е потребен Фонд за фер транзиција кон зелена енергија

А1он