Хуманитарна трка за 70 години централно-банкарски активности во РМ

Од:

По повод одбележувањето на јубилејот 70 години централно-банкарски активности во Република Македонија, Народната банка на Република Македонија (НБРМ) и Синдикалната организација при НБРМ со поддршка на Општина Аеродром денеска организираат хуманитарна трка.

Трката ќе се одржи на патеката на кејот на реката Вардар, од Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) до спортскиот центар „Јане Сандански“ во населба Аеродром. Ќе учествуваат вработени од финансискиот сектор на Република Македонија, а собраните средства ќе се донираат во центрите за деца со посебни потреби. На крајот од трката, во Паркот со езерата, ќе се организира културно-забавна програма и ќе бидат доделени наградите за победниците.

На патеката, покрај хуманитарната трка, ќе се одвиваат и други спортски активности – трчање, возење ролерки и велосипед, како и брзо пешачење.

Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани граѓани да се приклучат кон хуманитарниот спортски настан.

Би можело да ве интересира

Уште една победа на хуманоста и човечноста – собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Ана Ололовска

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска

Исклучително: Месут Озил спаси 219 детски животи!

Апел на МД „Илинден“: Да му помогнеме на Алекс, да бидеме хумани

Ана Ололовска

Хуманитарна иницијатива „Ride4Women“

Ана Ололовска

Хуманоста победи, Сара се врати дома жива и здрава

Ана Ололовска