Македонскиот ракометен шампион Вардар ја постигна втората победа во групата Б од Лигата на шампионите откако вечерва на домашен терен го совлада Мешков Брест со 31:27 (13:13).
Во текот на првиот дел избраниците на тренерот Раул Гонзалез тешко играа во нападот, па така гостите постојано имаа водство и на полувремето беше 13:13. На почетокот на вториот дел Вардар првпат поведе со 15:14 во 32.минута. Водството „вардарци“ го имаа до крајот на натпреварот и постепено го зголемуваа.
Најефикасен на дуелот беше Алекс Душебаев со 9 голови, а Вуко Борозан постигна 7. Кај Мешков Брест Растко Стојковиќ постигна 8 голови.
Вардар во следното коло гостува кај Цеље.
Попладнево вториот македонски тим во Лигата на шампионите во групата Ц Металург загуби на гостувањето кај Татран Прешов со 27:22.