Намалена цената за паркинг просторот во центарот на Штип

Од:

Советот на Општина Штип денеска донесе одлука за намалување на цената за паркинг просторот во централното градско подрачје.

Претседателот на Советот на Општина Штип, Влатко Миташев кој воедно е и иницијатор за корегирање на цената на паркин простор, вели дека граѓаните на Штип ќе имаат голем бенефит, бидејќи дневната карта се намалува од 80 на 60 денари. Укината е и поделбата на плаќање на паркинг за правни и физички лица, затоа што, како што вели Миташев, секое возило на ист начин го амортизира и го користи паркингот.

– Ги намаливме цените за граѓаните кои што живеат на улиците, каде што им е местото на паркингот и за оние кои што работат на тоа место. Има значително намалување, значи месечна карта од 160 денари и годишна карта од 1.000 денари за овие лица, рече Миташев.

Тој додава дека со новата одлука направен е и една голем бенефит за граѓаните на Штип со воведувањето на универзалната карта, која ќе се користи и важи за сите улици во центарот на градот. Оваа карта месечно ќе изнесува 400 денари, а на годишно ниво чини 3.000 денари.

– Картичките нема да важат од јануари до декември, како што беше порано, туку ќе важат од денот на издавањето до денот на издавањето на следната година. Што би значело еве ако извадите во октомври ќе ви важи до октомври наредната година Порано беше се вадеа пет -шест годишни карти, беа околу 8.000 или 10.000 денари за правните лица, а сега очекуваме граѓаните ова да го сфатат како апел до нив да си купуваат месечни или годишни карти, изјави Миташев.

Тој истакна дека возачите кои своите возила ги паркираа во споредните улички за да го избегнат плаќањето на паркингот со денешната одлука за намалување на цените надлежните служби веќе нема да ги толерираат, а контролирањето на паркинг местата на споредните улици ќе биде многу поригорезно.
Со донесување на новиот Ценовник за паркинг простор во Штип се олеснуваат и постапката за издавање на месечни и годишни карти, веќе како што вели Миташев, ќе нема потреба од доставување на потврди и други документи за купување на универзалната карта. Намалените цени на паркинг просторот во центарот на Штип ќе почнат да се користат наредните денови, откако одлуката ќе биде објавена во Службениот гласник на Општина Штип.

Би можело да ве интересира

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово