„Министре, со овој буџет ќе дојде до епидемија на сида! Преполовени се средствата што беа потребни во Програмата за борба со ХИВ/СИДА и наместо 65 милиони денари, оставени се само 27 милиони. Со тоа ќе се оневозможи набавка на сите потребни лекови и превентивни сервиси кои се неопходни за да се стигне до одредени специфични групи изложени на ризик од зараза.
Глобалниот фонд останува во Македонија до јули 2017 година, а после треба државата сама да покрива. Ваква грешка е направена во Србија и резултат е зголемување на заболени од епидемиски размери! Како можевте да ги намалите средствата за оваа програма?“ Ова беше пратеничкото прашање на Лилјана Поповска од ДОМ, до Министерот за финансии Кирил Миноски.
Министерот Миноски не даде конкретен одговор, туку се повика на приоритетите предложени од Министерот за здравство, кој во тој момент не беше присутен во салата.