СДСМ: Нема да дозволиме обвинетиот Груевски да го банкротира ПИОМ

Од:

„Штетните економски политики на обвинетиот Никола Груевски и неговата банда направија дупка во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и го загрозија функционирањето на фондот. Загриженост за ситуацијата изразува и Светска банка, која потврди дека дефицитот во ПИОМ постојано расте.

Следната година дури 452 милиони евра или над 45 % од пензиите ќе се исплаќаат директно од Буџетот. ВМРО-ДПМНЕ нема никаква идеја за стабилен пензиски систем и единствено што ги интересира е како моментално да ги закрпат дупките. Никој во ВМРО-ДПМНЕ, а најмалку луѓето околу обвинетиот криминалец Никола Груевски се грижат за одржливоста на ПИОМ на среден рок и долг рок.

По 11 декември доаѓа нова одговорна Влада којашто преку здрави економски политики ќе поттикнува отворање на реални работни места, кои ќе обезбедуваат стабилност за ПИОМ, како и подобар животен стандард за сите граѓани на Р.Македонија вклучително и за пензионерите“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје