Втора јавна расправа за најавените мерки за развој и унапредување на македонскиот спорт

Од:

Во просториите на Агенцијата за млади и спорт (АМС) денеска се одржа втора по ред јавна расправа на која претставници на Македонскиот олимписки комитет, спортисти и претставници на федерациите од колективните и индивидуалните олимписки спортови дебатираа за најавените мерки за развој и унапредување на македонскиот спорт.

Директорот на АМС Марјан Спасески уште еднаш ги образложи мерките, по одржаната прва јавна расправа и ја нагласи заложбата на Владата и Агенцијата за млади и спорт за спортот да тргне по нагорна линија.

– Изминатите години инвестирањето во спортот, а посебно во спортската инфраструктура беше една од главните стратешки определби на Владата на Република Македонија. Вложувањето во спортот секогаш треба да се гледа од три аспекти, првиот аспект е вложувањето во подобрување на постојната и во изградба на нова спортска инфраструктура. Вториот столб е едукацијата на стручните тренери односно кадрите во спортот и секако третиот е масовноста, истакна Спасевски и додаде дека преку вакви дебати и јавни расправи очекува забелешки и сугестии за подобрување на законските решенија кои треба да се реализираат во насока на имплементација на новите мерки, истакна Спасески.

Тој додаде дека поради тоа што изминатиот период многу се вложуваше во спортската инфраструктура и дека реализацијата на новите мерки во спортот, ќе биде многу лесно да се спроведат.

Прва мерка која се очекува да биде воведена е „Обезбедување на средства од правните лица кои вршат приредување на игри на среќа и забавни игри во обложувалница”, која по некои првични процени би донела 1,5 милиони евра на годишна основа, што би претставувал нов извор на финансирање за олимписките федерации и МОК. По тој основ беа дебитирани точките кои произлегуваат од оваа мерка како: намена, забрани, дополнителни мерки, контрола и сл.

– Значајна поддршка за федерациите, спортските клубови, како и спортските поединци ќе произлезат од новите предлози преку соодветни даночни олеснувања а  во насока на поддршка на компании кои ќе финансираат спортска федерација или спортски клуб, додаде Спасески.

Посебно беа нагласени обврските на федерациите околу предлогот за членови на извршните одбори, околу начинот на добивање на средства добиени по пат на ослободување данок на добивка на спонзорите, како и Законот за јавни набавки, Законот за акционерски друштва, сметководство и познавање на Законот за спортот.

Учесниците позитивно ги оценија предложените мерки за подобар спорт и истите ги поддржаа со желба за нивна конечна примена. Дел од предлозите на федерациите беа да се разгледа можноста за ослободување од плаќање давачки при добивање донации од странство во вид на спортска опрема и реквизити, заедничка правно-сметководствена служба на националните спортски федерации, а беше покрената и идеја за изградба на заеднички објект „Дом на спортовите“ каде ќе бидат сместени федерациите сите федерации на едно место.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ