Рајн Некар подобар од Целје на отворањето на второ коло од ЛШ

Од:

Рајн Некар Ловен постигна минимална победа од 31:30 над словенечкиот тим Целје, вчеравечер на домашен терен во првиот натпревар од 2. коло на Лигата на шампионите во ракомет.

Во редовите на Рајн Некар македонскиот репрезентативец Дејан Манасков беше во составот, но не успеа да се запише во листата на стрелците.

Денес се игра уште еден натпревар од 2.коло, во Букурешт, Динамо го пречекува Мотор.

Двојки за натпревари од 2.коло:

А група: Веспрем – Кадетен Шафхаузен, Барселона – Кил, Силкеборг – Флензбург, ПСЖ – Висла.

Б група: Вардар – Мешков Брест (сабота), Киелце – Кристијанштад, Рајн Некар – Цеје 31:30.

Ц група: Татран Прешов – Металург (сабота), Ла Риоха – Монпеље, Елверум – Чеховски Медведи.

Д група: Динамо Букурешт – Мотор, Брага – Холстебро, Нант – Бешикташ.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ