Хованец: Германија го разбира негативниот став на Чешка за бегалските квоти

Од:

Германија, според чешкиот министер за внатрешни работи Милан Хованец, го разбира ставот на Чешка за одбивање на бегалските квоти, јави дописникот на МИА од Прага.

Според изјавата на Хованец, кој во Германија се сретна со својот колега Томас де Мезиер, од Чешка не било побарано исполнување на обврзувачките квоти за примање на бегалци, а било договорено двете земји да испратат полицајци во Грција, доколку Атина побара мисија на Фронтекс на својата територија.

Хованец, додаде дека на средбата го повторил ставот на Чешка дека и во иднина нема да го акцептира системот на квотите, кој важи за земјите на Европската унија (ЕУ).

Чешка, врз основа на обврзувачките квоти до крајот на годинава треба да прими 2.691 бегалци од Грција и Италија, а досега се примени само 12 лица.

Двајцата министри, се согласиле дека укинување на визите yа Турција е можно само во случај кога земјата ќе ги исполни сите барања од ЕУ.

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он