Спасовски се сретна со заменик-шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Голдстајн

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се сретна со  Џеф Голдстајн, заменик шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Двајцата соговорници разговарале за неопходноста во Република Македонија да се одржат фер и демократски избори, при што министерот Спасовски потенцирал дека МВР целосно ќе се стави во функција за тоа да се случи.

– Спасовски рече дека нема да дозволи МВР да биде злоупотребено ниту преку користење на човечки ресурси, ниту на технички ресурси, како што тоа беше случај на претходните избори.  Заменик шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Џеф Голдстајн се согласи дека не смее да има никаква злоупотреба на ресурсите на МВР и понуди помош доколку тоа биде потребно, се вели во соопштението од МВР.  
 
На средбата се разговарало и за  борбата против тероризмот и беше нагласена  потребата за зголемена регионална полициска соработка, како и потребата од изнаоѓање ефикасна методологија за реинтеграција и социјализација на борците вратени од конфликтните подрачја.

Би можело да ве интересира

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

(ВИДЕО) Агитирање и летоци – нема посериозни инциденти за изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Поткуп со бонови за бензин, агитирање, закани по телефон за време на предизборниот молк

Катерина Ѓуровски

Одбележан Денот на македонската полиција

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он