Средба на министерот Спасовски со италијанскиот амбасадор Ромео

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше работна средба со амбасадорот на Италијанската Република, Карло Ромео.

Спасовски, соопшти денеска МВР, му упатил честитки на амбасадорот Ромео за назначувањето, со желба во периодот на неговиот мандат да се продлабочи соработката помеѓу двете држави и се заблагодари на поддршката од Италијанската Република во напорите за надминување на политичката криза во Република Македонија. 

Амбасадорот Ромео ја нагласил добрата соработка со Република Македонија и изразил подготвеност таа  и натаму да се развива со ист интензитет.

Тој нагласил, стои во соопштението од МВР, дека Италија како држава пријател ќе продолжи да ја поддржува Република Македонија во интегративните процеси во ЕУ и НАТО, како и во справувањето со предизвикот за организирање фер и демократски избори и во креирањето на новите реформи во државата бидејќи граѓаните го очекуваат тоа. Амбасадорот се осврнал и на мигрантската криза и изразил подготвеност за помош за успешно справување со овој проблем.

Министерот Спасовски се заблагодарил на поддршката и потенцирал дека мигрантската криза е еден од најголемите предизвици со кои се соочи Република Македонија, а во справувањето со него големо значење имала поддршката од земјите од Европската унија.

– Министерот Спасовски истакнал дека во Република Македонија мора да се одржат фер и демократски избори и дека МВР во целост ќе придонесе за тоа да се случи, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Полициска акција низ скопски локали: Деветмина приведени, пронајдена дрога

ВИДЕО: „Дивиот“ забавен парк кај „Борис Трајковски“ ќе биде отстранет

МВР: Амбер Алерт Европа стартува со кампања низ цела Европа со совети како да се постапи во случај на исчезнато дете

Уапсен кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот Јанчев

Кумановец загина во тешка сообраќајна несреќа кај Агино село

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово