Претседателот на СДСМ, Зоран Заев имаше свое обраќање на трибината – консултација со граѓанско општество на тема: „Кои треба да бидат итните реформи кои новата Влада ќе ги превземе во првите шест месеци?“ во организација на Кабинетот на претседателот на СДСМ.
Промените се здрави и тие треба да се случат за да може да профункционираат институциите а граѓаните да имаат животен стандард којшто ќе ги мотивира, секако да опстанат, да живеат и да работат овде и да гледаат иднина за себе и за своите поколенија. Најголем дел од работите којшто се спомнати денеска сум ги среќавал во разни дебати, пред се со граѓански организации ширум цела Македонија, секако најмногу во нашиот главен град, и се вградени во програмата.
Ние во моментов развиваме една стратегија што нашиот Конгрес, највисокото тело, да земе како ветување за првите шест месеци, што би се реализирало и драго ми е што голем дел од дискутантите зборуваа за првите шест месеци. Ова овде што е наведено е навистина одлична можност, финален фокус пред утврдување на еден ваков документ биде потпомогнат од сите овие дискусии. Јас дури и би побарал вашите материјали да ми бидат доставени после целата оваа дебата, затоа што знам дека може уште што многу повеќе да се каже.
Вчера бев во Кавадарци, 50 отсто од откупот на грозјето не може да биде завршен. Останува веќе, на земјата паѓа, ако падне слана, ако падне дожд, се губи, готово е. Тој наш народ таму, околу 100 илјади жители, само во Кавадарци, а грозје имаме по цела Македонија, не знаеме како ќе живее. Ова е пик година каде што треба државата да покаже не само грижа за луѓето, за човековите права, за основната егзистенција, тоа е врзано со еден куп други неможности којшто ќе се случат. Не знаеме како ќе ги образоваат децата којшто веќе тргнаа на училиште. Не знаеме како ќе го обезбедат основниот егзистенцијален услов за живеење, храна. Како ќе ги платат сметките, извршителите доаѓаат со камати и слично. Овде општеството не реагира. Вчера бев таму, не да критикувам. Една критика немав кон власта. Повикав, еве сега е моментот, заедно да го решиме ова прашање.
Пред некое време во Штип, текстилните работнички – лелек и плач, солзи. Девет илјади денари, десет илјади денари плата. Правата нивни – по 12, по 11, по 10 часа, станува нормално секојдневие нивно од работењето. А тие се и мајки, еден дел и баби. Каде се тука грижата за децата, за домаќинството, за семејството.
Во Стајковци пред некој ден поминавме, таму уште влагата стои, децата тешко обезбедуваат услови да учат дома. Учат кај свои роднини во други делови на главниот град. Нема инструментариум за брзо реагирање на државата за барем минимум од работите. За еден дел знаеме оти треба време. Но за минимум услови да се организира едно општество при вакви околности на некои четири илјади куќи или домаќинства – целиот поразителен моментум можеме да го видиме таму, еве после месец и пол и повеќе поминато од поплавите.
Во Прилеп, дуќанџиите – катастрофа. Кажувам еден сублимат од последните мои посети. Значи велат, беа тука нашинците кои се во странство, видовме некоја паричка, ќе крпиме… отидоа, сефте не можеме да направиме. Прилеп има два пазарни денови, и сабота и среда. Среда беше, се радуваат на пазарниот ден како да е се на светот, за да падне нешто, да однесат дома. Ниту работниците знаат каква плата ќе имаат на крајот на август, на септември, на октомври. Работодавачите веќе крпат со последни можности за кредити, и до тука е. Нема перспектива, нема потрошувачка моќ.
Едниот аспект на сето тоа е секако огромната миграцијата која што се случува на лекарите. Тоа беше кажано и овде. Почитуваната новинарка Точи го следи тоа многу внимателно и сигурно многу од вас се согласувате е сериозен репрезент за сликата на нашето здравство. Да земе специјалист во терцијално здравство 39 – 40 илјади денари плата во денешно време без инструментариуми, со поминато повеќе од 50 60 отсто од работното време во административни постапки и процедури. Обврската што им ја дадоа не се однесува само на шалтерите. Еден дел од проектите, еве како прв опозиционер признавам дека можеби имале добри намери, но да не се признае тоа што е слабост и да се втурнеш и да го корегираше е само безборазие од секој аспект. Зошто тоа некој го предочил и критички се обратил? Па критичкиот осврт мора да биде коректив на нешто што е со добра намера тргнато, но не се менува никако, а мора нешето да се проимени за да го даде својот ефект. Генерално, сето тоа покажува дека го испуштивме граѓанинот, човекот во нашето општество.