(ВИДЕО) Николов: Приоритет на новата Влада ќе биде развоен и транспарентен Буџет

Од:

„Оваа година расправата за Буџетот за 2017 година се совпадна со Извештајот на Светска Банка за состојбата во економијата во Југоисточна Европа.

Главната забелешка на Светска банка се однесува на висината на јавниот долг и темпото на задолжување што потвдрува дека оваа неодговорна власт преку неразвојните буџети изминативе 10 години работеше исклучиво на презадолжување на државата и граѓаните.

Владата ги игнорира укажувањата на Светска Банка дека мора да почне да ја намалува задолженоста и да започне фискална консолидација бидејќи јавниот долг ќе достигне над 50% од БДП веќе во 2016 година.

И во 2017 година Владата со овој неразвоен Буџет проектира нов дефицит и нови долгови од 305 милиони евра.

Повторно се игнорира укажувањето на Светска Банка дека зголемуавњето на приходите е минимално. Наспроти тоа имаме експанзија на буџетските расходи чие трошење е неосновано затоа што најголем дел од овие расходи одат за непродуктивни трошења и неразвојни проекти како што се барокни фасади, панорамски тркала, рајски градини…

Светска банка потврди дека во 2017-та година трансферите кон ПИОМ ќе се зголемат за 20 милиони евра со што дефицитот во ПИОМ ќе го достигне историско највисокото ниво од 450 милиони евра. Ова е уште една потврда за катастрофалните фискални политики.

Овој Буџет за 2017-та година ќе претрпи темелна ревизија. На Македонија и е неопходна власт којашто ќе работи чесно и домаќински, којашто ќе се грижи за државата и потребите на граѓаните и првиот чекор во таа насока мора да биде носење на развоен и транспарентен Буџет за 2017-та година“, изјави Маријанчо Николов, претседател на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митрески: Досега се нема случено во историјата на Собранието, ниту еден амандман да не е прифатен

(ВИДЕО) Тренчевска: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

Мицкоски „не е импресиониран“ од новото раководство на СДСМ

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025