Атина: Двајца митрополити на нивните сметки имаат пет милиони евра

Од:

Грчките даночни власти ја потврдија веста во атинските медиуми дека двајца грчки владици на нивната сметка имаат повеќе од пет милиони евра и дека не се во состојба да го објаснат потеклото на парите.

Имињата на митрополитите не се откриени и покрај притисокот од јавноста но и од религиозните кругови, само е наведено дека се од Атика, реонот околу главниот град на Грција. Тие се повикани да дадат објаснување што е можно поскоро, пренесе верската Информативна Агенција.

Се претпоставува дека парите потекнуваат од “затајување или корупција”, бидејќи во “нормални околности” ниеден архиереј не може да стекне толкаво богатство.

Митрополитот на Глифада, Павле побара самите да се идентификуваат, бидејќи јавноста е “фрустрирана”, а некои митрополити изјавија дека се “чувствуваат непријатно”, бидејќи и на нив паѓа сомнеж во јавноста.

ВИА потсетува дека пред неколку години еден митрополит е расчинет и осуден во граѓански суд, бидејќи задржал за себе неколку милиони евра од продажба на имот од еден манастир.

Во последниве месеци и во црковните кругови се зборуваше за десетина митрополити со огромни количини на пари на сметките во земјата или во странство.

Синодот се уште не е огласил во врска со овој случај.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит

Силен земјотрес ја погоди Грција