Кај ГП „Богородица“ пронајдени торби со пушка, муниција и марихуана

Од:

Во меѓупросторот помеѓу Македонија и Грција, во близина на задниот дел на напуштениот Фри-шоп, вчера околу 15.00 часот полициски службеници од граничен премин „Богородица“ пронашле патна торба во која имало една автоматска пушка М70 АБ 2 и две празни рамки за муниција.

По извршеното пребарување на непосредната околина, соопшти денеска МВР, во 15.30 часот на околу 30 метри оддалеченост, пронашле уште три торби во кои имало осум пакувања, секое со тежина од околу 400-500 грама непозната тревкаста материја, најверојатно марихуана.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица, Крим-техника и НК КР Гевгелија, а пронајдените предмети се подигнати за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина