Еко акција во Центар: Донеси стар уред и добиј ваучер за нов

Од:

Општина Центар во месец октомври ќе спроведе „Еко акција“ за почиста и поздрава средина за живеење. Подолжува проектот за собирање на отпадната електрична и електронска опрема, преку ефикасен и економски одржлив систем за собирање, селектирање, рециклирање, преработка и отстранување на отпадна електрична и електронска опрема од целата територија на општината.

Секој граѓанин што ќе донесе отпаден уред од домаќинството, ќе добие ваучер со одредена вредност за да си купи нов уред во ТехноМаркет или @Hоме, како партнери во проектот.

Со проектот, Општината воспостави организиран систем за собирање на отпадна електрична и електронска опрема, кој што во континуитет ќе се спроведува во урбаните заедници и ќе придонесе кон намалување на опасниот отпад на улиците, дивите депонии и во контејнерите, подигнување на јавната свест за опасниот отпад и потребата од негово организирано собирање и рецилирање, се со цел заштита на животната средина и здравјето на луѓето.

Проектот се спроведува во партнерство со колективниот постапувач – организацијата Нула отпад од Скопје, која што е задолжена за собирање и комплетен третман на отпадот.

Планирани се 4 акции во урбаните заедници, кои што ќе се спроведат секоја сабота во месец октомври. Првата акција ќе се одржи во сабота 1 октомври, од 10 до 13 часот, во просториите на УЗ Мирче Мацан (ул. Пролет, пред Веро Џамбо), која што ќе ги опфати и урбаните заедници: Раде Јовчевски – Корчагин, Славе Георгиевски – Шнајдерот и Крњево.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски