Мислел дека има СИДА 17 години

Од:

Сега има 49 години, а 17 години живеел мислејќи дека има СИДА. На Србинот Драгиша Зекиќ дијагнозата му ја поставиле уште во 1986 година во клиничкиот центар во Белград.

– Отидов на лекар поради висока температура пред 26 години, ми направија и СИДА текст тогаш беше актуелно и ме шокираа кога ми кажаа дека сум ХИВ позитивен, ми се сруши цел живот – вели Драгиша.

Лекарите дури му кажале и дека не знаат колку живот му останува, дали ќе умре за 3,6 месеци или ќе умира со години. Човекот дури и редовно одел на терапии иако како што вели не се чуствувал болен, лекарите го убедувале дека сидата не секогаш дава симптоми.

Човекот се соочил со прогонство од луѓето, го напуштиле пријателите, ги изгубил сите работни места кога ќе дознаеле дека има сида. Агонијата му траела цели 17 години се до 2002 кога случајно одлучил да се тестира повторно да види до каде е болеста. Се шокирал кога тестот бил негативен. Не им верувал па направил втор, трет, четврт. 5 пати во еден ден лекарите му ваделе крв и дијагнозата била иста Драгиша ниту има ниту пак некогаш имал СИДА.

Тој поради сите трауми и уништениот живот ја тужел клиниката и спорто траел веќе неколку години.

Сега после толку години кога судот пресуди во негова корист тој е задоволен. Но апсурд е што судот смета дека за 17 години уништен живот нему му следуваат само 450.000 динари оштета (4.000 евра)

Лекарот Јефтовиќ сега е началник на инфективната клиника, а на новинарите им ја спуштил слушалката и дрско им рекол немам време за новинари.

Би можело да ве интересира

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија

Лекот „диклофен“ oд 50 милиграми на „Галеника“ е повлечен од аптеките во Србија

Горан Наумовски

Стопанската комора на Србија отвора претставништво во Скопје