Најмалку шест лица загинаа денеска во Италија, кога локален воз удрил во автомобил кој преминувал преку пругата, соопштија властите.
Сите жртви се наоѓале во автомобилот, рече портпаролот на италијанската железница Марко Mанчини.
Меѓу патниците од возот нема повредени, пренесуваат агенциите.
Несреќата се случи во близина Козенца, град во регионот Калабрија.
Повеќето од загинатите биле земјоделскит работници од Романија.