(ВИДЕО) Бочварски: Помина Јули, пруга нема!

Од:

„За време на 10-годишното владеење, оваа влада не пушти во употреба ниту една нова железничка пруга, а дополнително ги укина сите меѓународни и дел од домашните линии.

Проектот за пругата Битола – Кременица во должина од 17 километри чини 20 милиони евра, а средства се обезбедени од ЕУ фондовите. Иако проектот требаше да биде готов до јули 2016 година, тој денес е со реализација од само 30 проценти. На трети септември работите се целосно прекинати поради штрајк на подизведувачите на кои не им се исплатени средтсва во висина од еден милион евра.

Оваа пруга е исклучително важна  за Пелагонискиот регион, но и да биде алтернативен излез на југ од државата, бидејќи излезот од Гевгелија е често блокиран, а Македонија трпи огромни финансиски загуби.

Неодговорно е токму министерството за транспорт и врски да се прави ненадлежно за реализацијата на овој проект. Кој ќе ги сноси последиците за ненавременото пуштање на оваа пруга и за финансиските загуби на државата и на бизнис секторот?

Со ова Македонија уште еднаш се покажа како неподготвена да изработи крупен инфраструктурен проект.

Македонија е под истрага за проневера на средства од ИПА фондовите, а ова е една од причините зошто Македонија загуби преку 100 милиони евра неповратни средства од ЕУ.

Ова ќе се промени по 11 декември.

СДСМ нема да гради споменици и панорамски тркала, сите средства ќе ги насочи кон изградба на железничка и патна инфраструктура, изградба на железнички пруги до индустриските зони, нови модерни соларни железнички станици и зголемување на безбедноста во сообраќајот“, изјави Благој Бочварски, претседател на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања, затоа изгубија 140.000 гласови

А1он

ВИДЕО: Нова оставка во СДСМ и повик за смена на раковдството

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

Горан Наумовски

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

(ВИДЕО) Трајановски: СМАРТ-осветлување во сите паркови и дворови на градинките и училиштата

СДСМ: Предлог-буџетот за 2026 година е признание за економската неспособност на Владата

Катерина Ѓуровски