Поранешен бразилски министер за финансии и шеф на кабинетот на Русеф уапсен за корупција

Од:

Поранешниот бразилски министер за финансии Антонио Палочи, е уапсен во врска со истрагата за корупција, во државната нафтена компанија „Петробрас“.

Обвинителство тврди дека Палочи имал разработена „криминална врска„ со функционерите на бразилскиот градежен гигант „Одебрехт“.
Како министер за финансии тој на сите владини тендери ја фаворизирал оваа компанија.

На градежниот гигант, во кој се вклучени десетици градежни и други фирми и компании, Палочи му помагал да склучи договор со „Петробрас“ , како и да добие кредит од една државна банка, во замена за донации од „Одебрехт„ за владечката бразилска Работничка партија, на поранешните претседатели Луиз Инасио Лула до Силва и Далма Русеф.

Адвокатот на Палочи изјави за бразилските медиуми дека екс министерот е невин и дека со неговото апсење е направен „политички спектакл“.

Антонио Палочи беше министер за финансии во владата на претседателот Лула до Силва и шеф на кабинетот на Дилма Русеф која беше отповикана од претседателската функција, откако беше утврдено дека ги преправала извешатите за бразилскиот буџет и задолженоста на државата.

Дестина бразилски политичари, како и високи функционери на „Петробрас“ беа уапсни и осудени по две годишната антикорупциска истрага. Истрагата што се водеше под кодиранто име „миење на автомобили„ откри голем корупциски скандал преки специјално уредена „шема„ за барање и примање поткуп, поврзана со нафтената компанија.
На почерокот од овој месец, суд во Бразил определи судење за поранешниот претседател Лула до Силва, обвинет за корупција, поврзана со „Петробрас“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск