Австрија: Балканот подрачје за регрутација на џихадисти во Европа

Од:

Австриското Министерство за одбрана предупредува дека Западен Балкан претставува подрачје за регрутација и логистичка база на џихадистите во Европа.

Во извештајот за актуелната безбедносна состојба од 14 септември, аналитичарите на Министерството за одбрана прикажуваат загрижувачки слики, особено кога станува збор за Босна и Херцеговина, пренесува Танјуг.

– Проблемот со исламизмот на Западен Балкан се рефлектира врз основа на поврзаноста преку дијаспората, на просторот на ЕУ, се вели во извештајот.

И додека во Косово по апсењето на салафистичите лидери е забележано намалување на активностите, во Босна и Херцеговина се зголемува опасноста од терористички напади, се додава во извештајот, кој го објави виенскиот весник „Хојте“.

Лицата од исламистичкиот спектар, според Министерството, формираат пред се во БиХ исламистички центри и места.

Со растечкиот притисок на Исламска држава во Сирија и Ирак се зголемува и веројатноста од терористички напади од страна на симпатизерите на таа терористичка организација, како на Западен Балкан, така и во цела Европа, предупредуваат аналитичарите од австриското Министерство за одбрана.

Австрија на Западен Балкан е присутна со речиси 800 војници, 325 во мисијата на ЕУФОР во БиХ и 465 во мисијата КФОР на Косово.

Би можело да ве интересира

Околу 7.000 деца чии родители се осомничени џихадисти се заробени во кампови во Сирија

А1он

Двајца џихадистички лидери загинаа во амерканска акција во Сирија

Во Нигерија се удавиле околу 100 џихадисти кои бегале од офанзива на армијата

Француска армија соопшти дека во Мали се убиени околу 30 џихадисти

А1он

Џихадисти во Нигерија киднапираа 20 деца

А1он

Во Истанбул уапсени 19 џихадисти на ИД

Ана Ололовска