Двајца осудени во „Шпион“ пуштени од притвор

Од:

Апелациониот суд Скопје, во понеделникот до Основен суд Скопје 1 – Скопје доставил решение, со кое на две лица осудени во „Шпион“, им се укинува мерката притвор.

Двете лица се пуштени на слобода.

Миќо Насковски-Кумановац и Цветан Дамјановски, кои беа осудени во случајот „Шпион“ и минаа повеќе од 3 години во притвор, од вчера се на слобода.

Во „Шпион“, под обвинение за злосторничко здружување, шпионажа, злоупотреба на службената положба и уцена, на затворски казни во траење од една до 15 години се осудени 19 лица.

Првоосомничениот Марјан Ефремов, и според Обвинителството, водач на групата која шпионирала за странски разузнавачки служби, а истовремено се занимавала со уценување, измами и изнуди, е усуден на 15 години затвор.

Надлежноста над предметот ја презеде Специјалното јавно обвинителство, кое побара намалување на затворските казни.

Би можело да ве интересира

Ванг призна дека е кинески агент, доби максимална казна од 10 години затвор

Сменет руски заменик-министер ја заобиколи ФСБ преку Минск и Тбилиси, па наводно пребега во Америка

Иран погуби наводен израелски шпион

Русинка е осудена дека била руски шпион во Естонија

Британија 20 години бараше руски двоен агент во МИ6

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали