Се поголем број основни училишта и наставници во САД ја укинуваат домашната работа, со цел на децата да им овозможат повеќе време за игра, спорт, семејството, читање и спиење.
Директорот на училиштето Орчард во Брлингтон, во Вермонт изјави дека за децата од предучилишна возраст па се до петто одделение е укината домашната работа, бидејќи според неговите истражувања, домашната работа нема никакво влијание врз подобрувањето на образованието.
Во другите основни училишта е воведена домашна работа во форма на воншколски активности како читање, играње надвор, дружење со семејството и задолжителен минимум на спиење.
Претседателот на Националното здружение на основни училишта изјави дека од реакцијата на родителите може да се заклучи дека „децата без домашна работа се премногу распуштени“.
Некои образовни експерти тврдат дека домашната задача има витално значење, како и дека укинувањето може „да предизвика клучни последици по образованието на децата“.