Регионален саем на врвни производи од Вардарскиот регион

Од:

Четвртиот регионален саем на мали бизниси од Вардарскиот регион денеска и утре ќе се одржи во Скопје, на кој средни, мали и микро бизниси од овој регион ќе ги промовираат своите производи.

– Вардарскиот регион не e само ризница на добро препознатливи вкусови, туку е имиџот и надворешната проекција за Македонија со која сите се гордееме. Есенски вргањ, сушен и свеж, месо и сувомеснати  деликатеси, кашкавали и сирења со европски признанија за квалитет и секако виното кое се конзумира од Њујорк до Токио, наведуваат организаторите.

Програмата опфаќа средби со производителите и дегустација на деликатеси во текот на целиот ден. Денеска во 18 часот балерини ќе го изведат перформансот балет на грозје – газење на грозје во живо, со што ќе го одбележат почетокот на винската сезона за оваа година. Дегустацијата на нови вина од мали и веќе етаблирани винарии од Тиквешијата започнува од 18 часот. Финалниот подарок за посетителите е предвиден истиот ден во 21 часот кога започнува концертот на една од најпопуларните македoнски џез бендови, групата „Фирс”.

Саем на Вардарски регион 1

За време на овој дводневен фестивал на вино и деликатеси ќе биде претставена новата винска рута во Тиквешијата која ќе ја збогати понудата на алтернативниот туризам, и опфаќа посета со велосипед на винариите: Тиквеш, Стоби, Попов, Бовин, Попова Кула и здружението Винотек (мали егзотични винарии).

Регионалниот саем на врвни производи од Вардарскиот регион ќе се одржи во просториите на Јавна соба, а влезот е бесплатен.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Продажбата на македонското вино надвор од границите на државата е зголемена

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

Благодарение на СДСМ цените на грозјето се покачуваат гарантирано за 25 отсто, велат од партијата

МЗШВ: Производната цена на килограм „смедеревка“ 18,3 денари, а на „вранецот“ 20,8