Завршува „Тера Мадре Салоне дел Густо“ во Торино

Од:

Македонската делегација која учествува на годинашниот Меѓународен саем за традиционална храна Тера Мадре Салоне дел Густо 2016 во Торино, денеска ќе го посети регионот „Пиемонт“.

Предвидена е винска тура низ Полензо, седиштето на Универзитетот на гастрономски науки, гратчето Бра од каде произлезе иницијативата за Слоу фуд и регионот Ла Мора. Попладне, турата завршува со посета замокот во кој се наоѓа Регионалната енотека на Пиемонт.

Тера Мадре што официјално завршува вечер се смета дека привлече над еден милион посетители. Голема беше заинтересираноста за производите на македонскиот штанд, односно за президиумите буковска пипер, слатко од диви смокви, грозје станушина и македонска медоносна пчела.

Тера Мадре годинава првпат се одржуваше на отворено низ сите историски места на градот Торино почнувајќи од паркот Валентино, покрај реката По се до Кралскиот плоштад. Уште еднаш беше испратена пораката дека малите локални производители на традиционална храна се најголемите чувари на биодиверзитетот и културното наследство.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава